По поразот Марадона му се закани на судијата

По првата победа на клупата на мексиканскиот второлигаш Дорадоса, Диего Армандо Марадона го доживеа и првиот пораз со новиот клуб. Овој пат Марадона тоа го дожвиеа прилично бурно.

Легендарниот Аргентинец на своето деби го победи тимот на Тапачул со 4:1, но овој пат  беше поразен од Алебријес со 1:0. На Аргентинецот не му беше сеедно ваквиот пораз, иако резултатот не беше во прв план.

Марадона збесна, а голем број на лица се собраа на влезот во соблекувалната во обид да ја решат ситуацијата. Аргентинецот дури и му се закани на судијата дека ќе го пријави на ФИФА.

Текстот По поразот Марадона му се закани на судијата е превземен од Reporter.mk.