Марјан Трајчев е овчар од селото Пухче кој деновиве во јавностa стана познат оти ја бараше за жена водителката на Канала 5, Јелена Спенџарска. Сега повторно е хит, оти рече дека сака да биде претседател на Македедонија за што и наводно поднел кандидатура.
„Јас поднесов кандидатура за претседател на Македонија и мислев дека ќе водам лавовска битка со професорката Каракамишева. Во неа само гледав сериозен противник, навистина секоја чест за тоа она што го направи.
Сакал да биде претседател, и со плата од 500 евра, а не од 1.400, ама само да има чесна држава, вели овчарот од Пухче.
„Како што можел Никола Карев да биде претседател на Крушевската Република на 27 години, можам и јас. Добив огромна поддршка од мајка Лоза, тетката на Груевски“, стои во објавата на „Фејсбук“.
Кандидатура ја поднел на парче хартија испишано рачно. Истата, наводно била доставена и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Jas podnesov kandidatura za pretsedatel na makedonija i mislev deka ke vodam lavovska bitka so profesorkata karakamiseva…
Gepostet von Marjan Trajcev am Samstag, 2. Februar 2019
Текстот По Спенџарска, овчарот од Пухче ѝ се наврте на Каракамишева е превземен од Reporter.mk.