Сакате да патувате, но се плашите да летате со авион? Иако има луѓе што и покрај стравот често летаат, не се сите спремни да се качат во авион. Ако сакате да го победите стравот од летање, постојат неколку трикови со кои можете самите да си помогнете.
1. Разговарајте со стјуардесите
Најискусни патници се токму оние чија работа е секојдневно да летаат од една дестинација до друга. Нивна работа е вие да се чувствувате комотно и затоа ќе се потрудат да ви го олеснат патувањето и да ви одговорат на кое било прашање поврзано со летот.
2. Слушајте музика
Еден од најдобрите начини да се опуштите е музиката. Можете да слушате музика или аудио книга. Затворете ги очите и заборавете дека сте во авион.
3. Пијте вода
Дехидрацијата може да доведе до стрес и несвестица, па затоа им се советува на патниците кои имаат страв од летање да пијат многу вода.
4. Избегнувајте алкохол
Алкохолот може да предизвика главоболки и мачнини. Не е баш посакуван метод за ослободување од стрес во текот на летањето. Дополнително, ако со алкохолот испиете и лек за смирување, може да предизвикате спротивен ефект, па наместо да се опуштите, да се вознемирите.
5. Размислувајте за вашето патување
Ако ништо од претходно кажаното не ви помогне и чувствувате преголем страв, тогаш размислувајте за вашето патување. Сепак, веќе сте се качиле во авион бидејќи сакате да одите на некоја интересна дестинација и да уживате, а дотаму да стигнете што побрзо. Иако можеби ви делува далеку, сетете се дека од минута во минута сте сè поблиску до посакуваната цел.
Текстот Победете го стравот од летање е превземен од Reporter.mk.