На 72-годишна возраст вчера пред зградата во која живее ненадејно починал поранешниот директор на Националниот историски музеј, Божидар Димитров, пренесуваат бугарските медиуми.
Историчар по образование, Божидар бил министер без ресор. Тој бил одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.
Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми. Негови блиски претпоставуваат дека станува збор за белодробна емболија.
Починал додека ја чекал ќерка си Марија. Вчера ѝ бил роденден и требало да помине и да ги земе родителите за заедно да прослават.
Тие што го познаваат, вклучувајќи и многумина во Македонија, велат дека стануав збор за исклучителен човек. Во однос на Македонија, се разбира, неговите ставови биле негаторски, какви што се и ставовите на сите бугарски историчари.