Поранешната кечерка и манекенка Ешли Масаро почина десет дена пред својот 40. роденден. Американката била во нејзиниот дом кога ѝ се слошило, по што била пренесена во болница, каде што и починала. Причините за смртта сè уште не се разјаснети, но полицијата соопшти дека нема траги од насилство.
Масаро беше една од најголемите ѕвезди во американското кечерство меѓу 2005 и 2008 година. Подоцна, таа работеше како модел и како учесник во реално шоу, а се појави и на насловната страница на списанието „Плејбој“.
Ешли имаше 18-годишна ќерка.
Текстот Почина кечерката и манекенка Ешли Масаро е превземен од Reporter.mk.