Почина морнарот од најпознатата фотографија од 1945 година

Славниот американски морнар Џорџ Мендонса почина минатиот викенд од срцев удар, два дена пред неговиот 96. роденден. Тој стана познат по сликата направена на денот на капитулацијата на Јапонија, 14 август 1945 година, на која бакнува девојка Тајмс сквер во Њујорк и го слави завршувањето на Втората светска војна.

Мендонс е роден на 19 февруари 1923 година. На фотографија од 1945 година, тој ја бакнува Грета Цимер Фридман, стоматолошка помошничка која носи болничка униформа. Тие тогаш биле во врска, но тоа го откриле многу години подоцна. Три години по ова, Мендонса се оженил за друга девојка, Рита Петри.

Грета Фридман, пак, почина 2016 година, на 93-годишна возраст.

Сликата на фотографот Алфред Ајзенштет и денес се смета за една од најпрепознатливите фотографии на 20 век.

 

Текстот Почина морнарот од најпознатата фотографија од 1945 година е превземен од Reporter.mk.