Никола Саздовски – Саздо, член на навивачката група „Комити“ почина ноќеска во Клиничкиот центар во Скопје. 20-годишниот Никола беше претепан на 30 јуни во скопската населба Автокоманда. Момчето со возило го пресретнале четворица луѓе и почнале да го тепаат со шипки. Саздовски од ударите со шипките паднал на тротоар и ја удрил главата, по што паднал во кома.
Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднел кривична пријава против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“. Прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор.
Пријателите на Никола и комитите преку социјалните мрежи се простуваат од 20-годишното момче.