Почина Роберт Мугабе, поранешниот претседател на Зимбабве

Поранешниот претседател на африканската земја Зимбабве Роберт Мугабе почина на 95 годишна возраст, пренесува „Би-Би-Си“. Мугабе почина по повеќегодишно боледување, изјавиле од неговото семејство.

Информацијата за неговата смрт ја потврди актуелниот претседател на африканската земја Емерсон Мнангагва. Последните неколку месеци тој се чувствувал толку лошо што не можел да оди.

Се лечел во Сингапур, но никогаш не открил од што боледува. Мугабе бил сменет од власт за време на превратот во ноември 2017 година, а со земјата владеел преку 30 години.

Мугабе станал премиер во 1080 година, а седум години подоцна ја напуштил функцијата и се именувал за претседател.

Текстот Почина Роберт Мугабе, поранешниот претседател на Зимбабве е превземен од Reporter.mk.