Три месеци по авионската несреќа во која животот го загуби аргентнскиот фудбалер Емилијано Сала утрово ненадејно починал неговиот татко Хорацио на 58-годишна возраст.
2019 продолжува да ни носи шокантни вести. Утрово во 5 часот, ми се јави неговата партнерка која беше испаничена. Докторите интервенирале, но кога јас пристигнав во нивниот дом, тој веќе беше починат, изјавил Хулио Милер, пријател на семејството.
Горацио доживеал тежок срцев удар, а според многумиа ненадејната смрт на неговиот син никако не можел да ја поднесе.
„Тешко го погоди смртта на Емилијано, не можеше да се помири. За многумина од нас, целата приказна завши кога го пронајдоа телото. Но за него не… сите тие стории дека пилотот ја немал потребната лиценца, расправијата помеѓу клубовите дали треба да платат или не… За нив агонијата продолжи.
Емилијано Сала живтот го загуби пред три месеци кога авионот со кој патуваше од Нант за Кардиф, каде требаше да почне нова фудбалска авантура, се урна во Англискиот канал.
Текстот Почина таткото на Емилијано Сала, фудбалерот кој загина во авионска несреќа е превземен од Reporter.mk.