Од канадската менувачница на криптовалути „QuadrigaCX,“ изјавиле дека не може да исплатат речиси 190 милиони долари од фондот на своите клиенти, затоа што 30 годишниот основач на компанијата Џералд Котен, ненадејно починал во Индија во 2018 година, а не ја кажал шифрата од неговиот лаптоп каде биле сместени криптовалутите.
Котен на никого не ги оставил кодовите, а тоа значи дека 190 милиони долари, колку што пари се наоѓале во новчаникот во неговиот лаптоп, можат засекогаш да бидат изгубени.
Познавачите на ваквите вложувања, велат дека досега не е воспоставена пракса, да волкава количина на пари се чуваат во виртуелни валути поради упадот на хакери. Многу побезбедно е да се чуваат во менувачница.
Џенифер Робертсон неговата сопруга, вели дека сега на своите корисници им долажат околу 190 милиони американски долари, вистински пари.
Триесетгодишниот Котен починал во декември во Индија, поради компликации од Кронова болест. Во Индија, како што велат од компанијата, отворал дом за деца без родители.
Неговата вдовица вели дека нема никаква врска со работата на нејзиниот покоен сопруг. Џенифер вели дека сега добивала заканувачки пораки. Вели дека има пристап до неговиот лаптоп, но истиот не може да го активира.
„Лаптопот со кој Џери работеше има шифра која јас не ја знам. Ја барав неколку пати, но не најдов некаде да ја има запишано“, изјавила Џенифер.
Иако неговата менувачниа по неговата смрт продолжила со работата, во последните денови се појавиле проблеми, затоа што почнале да им недостигаат пари. Поради тоа бројни вложувачи ја напуштиле оваа менувачница.
Текстот Починал без да ја каже шифрата од лаптопот, пропаднале криптовалути вредни милиони е превземен од Reporter.mk.