Почна сезоната на девиците: Сѐ што треба да знаете за овие лојални дами

Какви се дамите кои се родени во овој хороскопски знак.

Кога почнува сезоната на девиците, одлучивме малку подетално да го подистражиме овој хороскопски знак и да дознаеме какви карактеристики имаат дамите кои го имаат токму овој знак. Веднаш на почетокот можеме да кажеме дека се лојални, снаодливи, грижливи, скромни и прецизни и многу сакаат да биде сѐ во совршен ред и онака како што се замислиле.

Со нив владее планетата Земја, па затоа се доста сложени, но и во голем број случаи се практични. Сакаат добра организација и со само тоа и планови, но исто така се грижат и за своите најсакани личности кои се покрај нив. Иако на прв поглед се чинат ладни, внатре во нив се наоѓа жена која е полна со нежност и љубов.

Во продолжение, ви откриваме какви се овие дами кога се во прашање различните животни „категории“…

Пријатели

Пријателствата ги сфаќа премногу сериозно, а поради тенденцијата да биде во сѐ совршена, добро ги памти родендените и битните датуми, а сакаат и да ја израдуваат саканата личност. Одлично се снаоѓаат со давањето совети, но не сакаат тоа да го работат самоиницијативно, туку само кога некој ќе ги праша за мислење. Кога лично тие се во прашање, не сакаат преголеми изненадувања, туку поголеми гестови и знакови на внимание.

Љубов

Кога е во прашање врската, девиците се лојални и верни и можат многу брзо да се врзат за една личност до крајот на животот – доколку процени дека ѝ одговара во сите сегменти – од конверзацијата до креветот. Сака подароци, па ѝ е лесно да се разнежни со некои ситни гестови како што е букетот цвеќе – затоа што деталите се многу важни за нив.

Не е љубител на експериментирања во сексот и сака партнерот да преземе инцијатива. Биковите, близнаците, раковите, скорпиите и јарците најмногу ѝ одговараат за остварување на квалитетната љубовна врска.

Мода

Поради својата сестраност и практичност, Девиците баш сакаат такви стајлинзи во кои ќе се чувствуваат удобно и кои ќе им дадат гламурозен изглед во текот на целиот ден каде и да се наоѓаат. Главно, сакаат земјени бои кои лесно се мешаат меѓусебно и не се истакнуваат премногу. Без накитот и омилениот аксесоар не ја напуштаат куќата.

Омилен парфем

За  парфемот да  биде совршен, треба да биде отмен, но со освежувачка нота како што е комбинацијата на карамела и круша. Прада „Candy” или „Narciso Rodriguez eau de parfum” се одлични примери.

Текстот Почна сезоната на девиците: Сѐ што треба да знаете за овие лојални дами е превземен од Reporter.mk.