Глумецот Вил Смит со пост на „Инстагмрам“ откри дека тој и Мартин Лоренс го почнаа снимањето на третото продолжение на хит-комедијата „Лоши момци“.
„Прв ден од снимањето на третиот дел. Викендов ги гледавме првите два дела. Ќе биде лудо“, напиша Смит покрај сликата од нив двајцата што ја објави на „Инстаграм“.
Третиот филм ќе чини 100 милиони долари, а премиерата е закажана за јануари 2020 година. Првото продолжение од филмот беше снимено 1995 година.
Текстот Почна сминањето на „Лоши момци 3“ е превземен од Reporter.mk.