Денес, со почеток на ПИН музичка конференција & шоукејс, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, почнува 21-во издание на „Таксират“, денови посветени на културата и уметноста.
Од 17 до 19 часот во кино Фросина, започнува панел насловен „Излажи ме!“. Вечерта ќе настапи и чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата, почнувајќи од 20:45 часот.
Бара Змекова е афирмирана и наградувана чешка џез пијанистка и текстописец. Преку нејзината поезија и звуци таа вешто ќе ве поведе на сонливо патување, дури и ако не го разбирате чешкиот јазик. Таа за првпат доаѓа во Скопје и на овој концерт ќе биде придружена од Виктор Доричак (тапани) и Марчела Куцова (саксофон/флејта/вокал).
Марко Луис создава музика која е комбинција на соул и џез музиката која ја слушал во неговото семејство на музичари со традиционалната музика од Балканот. Со својот атрактивен глас и комплексни музички аранжмани, три албуми и бројни концерти зад себе, тој е веќе е регионална ѕвезда.
Боргезија создадоа мрачна музичка, јазична и видео естетика со која влијаеа во раѓањето на влијателниот европски прогресивен музички стил „електрик боди“. Денес, Боргезија лебдат на ретрофутуристичкиот арт рок и безвремената модернистичка поезија на Сречко Косовел. Тие повторно доаѓаат во Скопје по повеќе од 20 години.
Текстот Почнува Таксират фестивал е превземен од Reporter.mk.