Мичел Арнсволд и Стефани Харвел од Мичиген, САД и покрај тоа што ја освоиле државната лотарија вредна 500.000 долари, продолжиле со своите незаконски активности, крадејќи од куќи низ пет различни окрузи во земјата.
Двојката била уапсена во петокот во место оддалечено 150 километри од градот Детроит. Властите откако ги уапсиле, откриле дека во изминатите неколку месеци тие направиле неколку сериозни низа на прекршоци.
Судијата изјавил дека и покрај тоа што тие освоиле половина милион долари, денес немаат пари ниту за да си дозволат адвокат кој ќе ги брани. За секоја кражба судијата им одредил кауција од 50.000 долари.
Кога Стефани ја освоила премијата од половина милион долари таа изјавила дека почувствувала големо олеснување. Тикетот го купиле за само пет долари на почетокот во 2016 година. Девојката изјавила дека со нејзиниот сопруг до тој момент не можеле да поврзат крај со крај. Двајцата биле многу сиромашни.
Стефани изјавила дека сакала да сврти нов лист во својот живот, но во тоа не успеале. Тикетот кој го купиле на бензиска пумпа, наводно им го променил животот, вели Стефани, но подоцна се испоставило дека тоа било во погрешен правец.
Текстот Подолжиле да крадат ѝ покрај тоа што освоиле пола милион долари државна лотарија е превземен од Reporter.mk.