Полицијата во Индија успеала да спаси 23 деца кои биле држени како заложници 11 часа од страна на лицето Субаш Батам. Индиецот ги поканил претходно децата на роденденската забава на ќерка му.
Полицискиот портпарол Мохит Агарвал изјавил дека за време на спасувачката акција, биле повредени двајца полицајци. Киднаперот пукал во нив во моментите кога полициските служби упаднале во неговата куќа во селото Касарија, во идниската држава Утар Прадеш.
Во пресртелката убиена е сопругата на Батам. Полицијата навела дека безуспешно се обидувале да преговараат со Батам, кој во тоа време бил под влијание на алкохол. Агарвал додал дека Батам бил осомничен за убиство, но дека бил пуште со кауција.
Текстот Поканил деца на роденденот на ќерка му, па ги киднапирал е превземен од Reporter.mk.