Полицајка дала отказ затоа што спиела со маж кого требала да го чува

Полицајката Андреа Грифитс дала отказ од работното место, откако во јавноста била откриена нејзината афера со маж, жртва на сексуално злоставување, кого таа требала да го чува, пишува британски „Сан“.

„Андреа Грифитс била офицер за врска. Таа развила непримерен, личен однос со маж кој бил ранлива жртва од сексуален злостор“, навеле од полицијата.

Андреа Грифитс го признала делото, но според нејзиното тврдење, таа спиела со него само еднаш. Грифитс негира дека двајцата биле во врска.

 

„Признавам дека имав однос со жртвата на 29. јуни 2015 година. Го прифаќам грубото кршење на законот и длабоко жалам поради тоа што се случило. За да не ја посрамотам мојата професија, дадов отказ во полицијата во Северен Велс“, изјавила Грифитс за време на сослушувањето.

Судијата председавач Сузан Дејвис, вели дека Грифитс ги прекршила сите стандарди на почит и итегритет и дека поради тоа и доколку не дала отказ, таа секако ќе била отпуштена.

 

Текстот Полицајка дала отказ затоа што спиела со маж кого требала да го чува е превземен од Reporter.mk.