Полицајките во Либан летово ќе мора да се облечат секси

Градоначалникот во либанскиот град Бруман, Пјер Ашкар наредил полицаките да мораат да носат кратки црни шорцеви за да привлечат поголем број на туристи од Западот.

„Сакаме да ја промениме сликата за Либан која постои на Западот. Воглавно, 99% од сите туристи на Медитеранот носат кратки панталони“, изјавил Ашкар.

Конзервативците изјавиле дека е непотребно да се „разоткриваат“ полицајките, додека либералите тврдат дека Ашкар ги тера женит да носат кратки панталони, за разлика од нивните машки колеги кои смеат да носат долги панталони.

Неговите планови предизвикаа отпор и на социјалните мрежи.

„Во желбата да се привлечат поголем број туристи, правиме мајмунски работи“, напишал еден корисник на Твитер.

„Дури и полицајките на Запад се примерно облечени. Има ли потреба да ги откривате вашите жени?“, напишал друг.

 

 

„Ова е одлична иницијатива за вклучување на жените во јавни служби. Единствен проблем е тоа што евидентно не се во стандардната полициска униформа, туку нивниот работодавец ги експлоатира“, додал трет/

Но, локалниот трговец Ели Мосавер тврди дека луѓето премногу го анализираат овој проблем, пренесува Спутник.

„Се дава премногу важност на нешто што не треба. Сите тие дами се пристојни. Сите носат кратки панталони. Не е тоа голем проблем. Лето е, жешко е“, вели тој.

Една од полицајките кои летото на должност ќе го мине во кратки панталони, вели дека таа и нејзините колешки, задачата ќе ја прифатат со ентузијазам.

„Се надеваме дека така ќе биде и следната сезона“, изјавила Саманта Сад.

 

 

Текстот Полицајките во Либан летово ќе мора да се облечат секси е превземен од Reporter.mk.