Полицијата ја откри причината за смртта на Русинката Лилија Новикова
Фенот, а не мобилниот телефон е апаратот кој ја усмртил Русинката Лилија Новикова, позната како најсекси покреш во целата земја. Комшијата го открил нејзиното тело на подот во купатилото и веднаш повикал полиција.
Претходно соседот добил повик од родителите на Новикова, кои се загрижиле откако нивната ќерка не им се јавила. Полицијата на почетокот се сомневала дека причина за смртта е струјниот удар од мобилниот апарат на Новикова, кој во тие моменти се пунел. Сепак подоцнежната истрага покажала дека причина за ударот бил фенот.
Истрагата покажала дека Новикова во тие моменти ја сушела косата, а до несреќата дошло поради лошата изолација на фенот. Новикова играла покер и во живо и онлајн. Таа имала и сопствен веб-канал и различни курсеви и работилници за почетници. Ја нарекувале најубавиот покер играч во Русија.
Девојката наскоро требало да наполни 27 години, а по тој повод планирала да се вклучи во живо за своите фанови, како и за доделувањето на наградите. Бидејќи била прилично популарна, се појавиле и измамници кои од фановите барале парична помош во име на семејството.
На нејзината страна лице по име Артур, оставил порака:
„Ви го пишувам ова, поради големиот број луѓе. Во моментов сум шокиран колку измамници се појавија за да соберат парична помош, во името на родителите на Лилија. Никој од нас, нејзините најблиски, не собира помош и ве молам немојте да наседнувате на такви апели, се додека не се појави на овој, нејзината страна“, напишал Артур.