Американскиот интернет гигант „Гугл“, последните две години, поради сексуално вознемирување, отпуштил 48. вработени, вклучувајќи 13. на висока позиција, напишал генералниот директор на компанијата, Сундар Пичај, во интернет документот упатен на вработените во кој агенцијата Франс прес имала увид.
Директорот рекол дека никој од отпуштените не добил надоместок за заминување од компанијата. Во исто време весникот „Њујорк Тајмс“ пишува, во едно истражување, дека Гугл заташкал многу случаи на вознемирување кои се однесуваат на високи официјални лица на компанијата меѓу кои и Енди Рубин, креатор на мобилниот систем Андроид. Директорот Пичаи не ги дал имињата на отпуштените лица.
Текстот Поради сексуално вознемирување „Гугл“ опушти 48 вработени е превземен од Reporter.mk.