Поранешен градоначалник осуден на смртна казна за убиство на неговата сопруга

Поранешниот градоначалник на Техеран и еден од потпретседателите на Иран, Мoхамед Али Наџафи, е осуден на смртна казна поради убиството на својата втора сопруга.

Наџафи е прогласен за виновен за убиство кое го извршил со огнено оружје. Тој пукал во својата сопруга Митра Остад. Наџафи има право на жалба во наредните 20 дена.

Тој се наоѓа во притвор од мај. По злосторот тој самиот се пријавил во полиција, каде го признал убиството. Наџафи си поднел оставка од местото на градоначалник во 2018 година, поради критиките дека присуствувал на танц за девојчиња во школската програма.

Убиството со огнено оружје многу ретко се случува во Иран, особено меѓу припадниците на политичката и економска елита.

 

 

Текстот Поранешен градоначалник осуден на смртна казна за убиство на неговата сопруга е превземен од Reporter.mk.