Поранешната голманка на „Вардар“ се сврши со својата девојка

Поранешната голманката на „Вардар“, Бразилката Маиса Песоа ја побара за жена својата девојка, спортистката Никита Рамоа. Таа објави слика од дијамантскиот свршенички прстен на „Инстаграм“ и се пофали дека Никита „рекла ДА“. Слика од веридбата на својот инстаграм-профил објави и Никита.

„Ти си апсолутно совршена за мене. Љубов на мојот живот“, напиша Никита.

 

34-годишната Песоа во моментов брани тимот на „Ростов Дон“ и за бразилската репрезентација. Таа во „Вардар“ беше една сезона и играше во финалето на Лигата на шампионите во 2016 година.

Текстот Поранешната голманка на „Вардар“ се сврши со својата девојка е превземен од Reporter.mk.