Шпанскиот писател Алонсо Гереро во својот роман открил за медиумскиот терор и притисоци што ги доживувал откако неговата поранешна партнерка, шпанската кралица Летиција, се верила за сегашниот шпански крал.
Алонсо во својата книга пишува за својата прва љубов Марија Доларес Корал (54). Марија била негова пријателка од детството, а се венчале во родниот град Багахос, во скромна интимна церемонија. Таа е учителка и исто како и Алонсо е разведена и има две ќерки. Двајцата оделе заедно во школо во шпанската покраина Екстремадури.
По нивниот развод во 1998 година, Алонсо се венчал со сегашната кралица Летиција, а бракот им траел само година дена. Летиција во 2003 година се верила за кралот на Шпанија, Фелипе, а Гереро вели дека од тогаш почнале да го прогонуваат шпанските и светски медиуми.
Алонсо пишува во романот дека и покрај сè, тие не успеале да го скршат и тој не потклекнал пред притисоците. Алонсо не давал никакви изјави по прашањата за неговата поранешна сопруга и идна кралица.
Алонсо во 2018 година го објавил романот „Љубов Пени Робинсон“, кој содржи автобиографски елементи. Во книгата се зборува за тоа колку животот му се има променето од тој ден, кога неговата поранешна сопруга станала вереница на шпанскиот крал.
Главниот лик во книгата се нарекува Алонсо Гереро, како него, а неговата љубов од младоста се остварува низ две личности, Лора и Нене. Нене е една млада и немирна заводничка во која протагонистот Алонсо се заљубува. Лаура е неговата поранешна девојка, која ја опишува како личност која по нивниот развод била подготвена на сè.
Лаура е лик кој во реалниот живот се претставува како кралицата Летиција. Писателот како главен лик во романот раскажува во претенциозен тон како го преживеал тој период во својот живот. Алонсо раскажува дека на некој начин неговиот живот бил украден.
Неговата поранешна сопруга почнала со својот нов живот и тоа ни повеќе ни помалку со сегашниот крал на Шпанија.
„Медиумите не ги интересираше мојата сегашност, затоа што постоеше ризик дека можат да ме изгубат како извор, а јас сум единствениот кој може да го раскаже секој љубовен детаљ со сегашната кралица. Мојата иднина уште помалку ги интересираше, но минатото беше друга приказна. Можеа да ја измислат или да ми ја одземат“, вели Гереро во својата книга.
Гереро во книгата се има претставено како жртва на медиумскиот терор. Тој вели дека книгата ја напишал уште во 2010 година, но не ја објавил до сега, кога му била потребна некоја финална верзија.
Тој нагласил дека добил доста понуди за да проговори за својот живот, но никогаш не прифатил поради својата скромност. Дури во својот роман истакнал некои работи кои со години го мачеле.
Текстот Поранешниот на шпанската кралица со објавениот роман може да го разниша престолот е превземен од Reporter.mk.