Порно актерка му вети секс на научникот што ќе открие лек за коронавирусот
Порно актерката Лола Тејлор вети дека ќе спие со оној што ќе открие лек за коронавирус, пренесува Спутник Њуз.
Лола, чие вистинско име е Љубов Бушуева, моментално е во карантин во Москва, а бидејќи изолацијата не и е лесна таа одлучи малку да ги мотивира научниците па вети секс за секој што ќе открие вакцина за короната.
Во видеото кое го споделија руските медиуми, таа рече дека е уморна од седењето дома, а не може да излезе затоа што во спротивно, како што рече, и се заканувале со затвор.
“Тоа е ситуацијата. Јас сум во карантин, се е во ред дома. Подготвена сум да спијам со оној што ќе ја направи вакцината за коронавирус. Луѓето страдаат. Се е тешко. Не можат да ги напуштат домовите инаку ќе ги затворат. Накратко, ќе спијам со некој за вакцина “, рече Лола.