Две порно актерки го поддржаа кандидатот на демократските социјалисти, Берни Сандерс, во претседателската трка во САД. Станува збор за Џенис Грифит и Синди Летерс. Како што пренесуваат американските медиуми. повеќето порно глумици во Америка би сакале да го видат Сандерс место Трамп како шеф во Белата куќа.
„Дејли бист“ пренесува дека од 30-те најпознати имиња во порно индустријата, повеќето го поддржуваат Сандерс. Медиумот пренесува дека повеќето од глумиците не сакаат јавно да се изјаснат, за да не ги прекршат договорените обврски. Од сите нив, само една порно глумица ја дала поддршката за Доналд Трамп.
Повеќето од актерките поддршката за Берни ја дале пред се поради неговото залагање за универзален систем за здравствена нега.
„Берни ја доби мојата доверба затоа што се залага за воведување на многу подобар здравствен систем како што е „Медицина за сите“. Со тоа сака да ги реформира службите кои се занимаваат со имиграција и царина“, вели Џенис Грифит, една од порно ѕвездите која и волонтира во неговата кампања.
„Остајте го Мајкл Блумберг, Ејми Клобучар е полицајка, Том Стајер и не е вистински кандидат, додека Бутиџаџ не дава конкретни одговори, туку секогаш собира евтини поени“, објаснила Грифит.
Слично мислење има и нејзината колешка Сидни Летерс, која била активна во кампањата за избор на градоначалник на Њујорк во 2013 година.
„Јас го поддржува Сандерс затоа што според мене, тој го има најдобриот план за прашањето за здравствена нега. Негоата база на бирачи е најмотивирана и верувам дека има најдобри шанси да победи Трамп“, изјавила Сидни.
Алан Еванс, претседателката на Здружението за глумци за филмови за возрасни, вели дека и пред четири години, повеќето порно ѕвезди го поддржале Берни Сандерс во кампањата против Хилари Клинтон, во трката за номинација за претседател на Демократската партија.
„И сега го немаме променето мислењето. Елизабет Ворен (еден од потнецијалните кандидати на демоктратите) дури предложи закон кој во рамки на борбата против секс-трафик ги остави сите без банкарски сметки. Уморни сме веќе од тоа политичарите да користат секс-трафик, за привлекување на вниманието и нивните неисполнети ветувања“, вели Еванс.
Текстот Порно ѕвезди го поддржаа Берни Сандерс за претседател на САД е превземен од Reporter.mk.