Порноѕвезда дава совети за добар секс

Порноѕвездата Миа Калифа, која одговара на најчесто поставуваните прашања во „Гугл“ за сексот, реши јавно да ја сподели својата секс-мудрост:

  1. Каде е Г-точката?

„Вашата Г-точка се наоѓа на внатрешниот вагинален ѕид помеѓу вагиналниот отвор и матката. Кога ќе ја поминете со прстот, ќе почувствувате груба површина како да сте допреле јатка“, објаснува Миа. Таа тврди дека Г-точката не е најважната работа во сексот, а почесто жените добиваат оргазам со стимулирање на други места. „Сметам дека е многу тешко да се добие оргазам со пенетрирање, повеќе сакам да го стимулирам мојот клиторис. Но, секоја девојка е поинаква “, рече Калифа.

  1. Како ја да донесете жената до оргазам?

„Постојат различни фактори кои влијаат – од бакнувањето, до интензитетот на движењата,  сето тоа зависи од жената. Нема правило, само треба да ја почувствуваш жената. Ако таа ве стиска, таа го сака. Ако целата вибрира или изгледа како некој да ѝ прави егзорцизам, значи е блиску до врвот. Тоа е добар знак“, вели Миа.

  1. Важна ли е големината на пенисот?

„Не мислам дека големината е важна. Најдобриот секс што некогаш сум го имала не бил со најнадарениот човек во мојот живот. Вистината лежи во начинот на кој постапувате со жената и она што таа го чувствува за вас. Ако сте помали, можете да поставите мала перница под појасот, што ќе помогне за подлабока пенетрација. И ако таа сака фелацио, таа ќе може да ви даде сè што е плус“, рече таа.

  1. Колку трае сексуалниот однос?

„Мислам дека е просечно помеѓу 5 и 7 минути, а за повеќе страствените околу 10-15 минути”, вели Калифа.

  1. Како можам да истраам подолго во кревет?

„Извадете го пенисот и вратете се на предиграта ако сметате дека наскоро ќе завршите. Таа нема да се налути ако ѝ дадете малку орален секс дури и во средината на делото. Таа дури и не мора да ја знае вистинската причина за промената во редот“, советува искусната актерка .

 

  1. Зошто мојата девојка не сака да има секс?

 

„Можеби невнимателно слушате што сака. Можеби сте брз, или не сте доволно нежен. Жените, исто така, имаат потреба од малку романса. Вие не мора да одите во Бора Бора само за да направите гест. Ако немате секс, мора да разговарате со неа или ништо нема да се смени. Пристапете доста внимателно кон темата, без обвинувања и напади, за да не премине во одбрана и конечно да ја зголемите интимната дистанца меѓу себе “, изјави Калифа.

Текстот Порноѕвезда дава совети за добар секс е превземен од Reporter.mk.