Порноѕвездата Миа Калифа ќе се задавеше од прстен

„За малку ќе го проголтав прстенот“, рече возбудено некогашната порноѕвезда Миа Калифа (26), која се пофали дека е свршена со Швеѓанецот Роберт Сандберг (28).

Роберт, инаку по професија готвач, одлучил дијамантскиот прстен да го сокрие во јадење. Миа почнала да го јаде колачаот, но за малку ќе се задавела. Таа не очекувала дека ќе се сврши. Всушност, како што самата напиша, тој ден се шетала низ трговски центар и од забава пробувала прстени.

„Јас навистина не го очекував тоа. Веднаш тој ден Роберт се врати во трговскиот центар и ми купи прстен, со кој ме изненади“, рече Калифа. Веста дека се свршила ги погоди нејзините обожаватели кои се надеваа дека таа ќе се врати во порноиндустријата. Засега таа не планира да се врати.

Миа денес ја гради кариерата како спортска коментаторка. На еден од нејзините први преноси таа имаше ужасна несреќа. На хокејски натпревар Миа ја погоди пак во градите и го скрши нејзиниот имплант. Една година таа мораше да чека да го извадат, а потоа го замени со уште поголем.

 

 

 

Ова за Миа нема да биде прв брак. Како 18-годишна девојка, таа се омажи за средношколската љубов, но тој брак не издржа.

Текстот Порноѕвездата Миа Калифа ќе се задавеше од прстен е превземен од Reporter.mk.