На југот од езерото Гарда, на половина пат помеѓу Бреша и Верона, се наоѓа градот Сирмионе, кој е идеална појдовна точка за истражување на Ломбардија.
Историското гратче се наоѓа на мал полуостров што го дели долниот дел од езерото Гарда. Од дамнешни времиња, Сирмионе е едно од омилените места на богаташите од соседството кои доаѓаат тука за да уживаат во прекрасната атмосфера и поглед, како и во лековитите термални води.
Во градот доминира замокот Скалигер, кој е изграден од страна на истоименото семејство по кое замокот го добил името во 13 век. Дворецот е исклучително сочуван, а поради специфичниот начин на градба, тој изгледа како да плови на езерото.
Импозантните кули и пешачките мостови оставаат впечаток што не се заборава. Пештерите Катул се исто така една од туристичките атракции. Покрај рушевините на оваа древна римска вила и малиот музеј, е сместена плажа со бројни ресторани и кафулиња.
Како идеално место за живот, Сирмионе го препознала и славната оперска пејачка Марија Калас, а овој град претставувал инспирација за книжевниците како Стендал и Гете поради својата убавина, тесните камени улички и романтичното доживување.
Во близина е и забавниот парк Гардаленд, до кој се стигнува за помалку од половина час со автомобил.
Текстот Познатиот италијански замок како да плови на вода е превземен од Reporter.mk.