Познатиот поранешен водител на емисијата „Топ Гир“, Џереми Кларксон, својата нова колумна за британски „Сан“ ја посвети на младата шведска активистка Грета Тунберг, нарекувајќи ја размазено девојче.
Кларксон кој е долгогодишен новинар за автомобили ѝ предложил на Грета уште еднаш да размисли за сето тоа што возрасните го направиле за неа. Тој ја повика шведската тинејџерка за патување во Америка на јахта вредна 15 милиони фунти, која е изработена од карбонски влакна и која има патува на мотори кои работат на дизел гориво.
„Ниту си ја изработила, ниту си ја заработила, а таа јахта има помошни дизел мотори кои никогаш не ги спомена никаде. Запри за момент и кажи како мирно спиеш во ноќта додека возрасните градат, сервисираат и летаат на шведските борбени авиони, со цел да те чуваат тебе и ти да се чувствуваш безбедно. Ти дадовме мобилни телефони и лаптоп, но и интернет. Создадовме социјални медиуми кои секојдневно ги користиш и водиме банки кои сето тоа ти го плаќаат. Како само се осудуваш да застанеш таму и да ни држиш лекции, ти размазено детиште едно“, пишува Кларксон.
Кларксон во колумната призна дека планетата се загрева и дека треба нешто да се направи во врска со тоа, пред сите да се соочиме со незамисливите бегалски кризи. Но, тој потенцира дека Грета треба да се врати во школо што поскоро и напорно да работи во своето научно образование.
„Науката е тоа што на крајот ќе го реши проблемот. Не лутењето и мрштење на лицето и хистеричното плачење на секои пет минути. Илјадници луѓе кои ги повикуваш секојдневно, работат напорно на тоа за кое ти драматизираш. Биди добра девојка, замолчи и пушти науката да продолжи да работи“, завршува Кларксон.
Во говорот со кој се претстави во Обединетите нации, Грета ги обвини сите возрасни, потенцирајќи дека тие се оние кои ѝ го уништиле детството, објаснувајќи дека тие се одговорните за промената на климата и треба да ја превземат одговорноста за да ја спасат планетата. Нејзиниот говор крена голема прашина во јавноста, особено по предупредувањето на научниците за ново растења на температурите и подигање на нивното на светските океани.
Текстот Познатиот водител Џереми Кларксон: „Грета ти си едно размазено детиште!“ е превземен од Reporter.mk.