Во Велика Британија покрената е истрага поради скандалот со средношколските тестови по математика кои изненадувачки се појавиле низ социјалните мрежи. Ваков вид на скандал се случува трета година по ред во оваа земја, а овој пат на интернет се појавиле две прашања, ден пред полагањето на тестот.
Покрај прашањата, на пораката било објаснето како учениците да ги дознаат сите прашања на тестот. Околу 60.000 средношколци полагале математика во текот на минатата недела, а самиот тест се состои од три дела.
„Толку труд за ништо“, напишал еден од учениците.
Надлежните изјавиле дека работат на тоа да утврдат како тестовите завршиле на интернет и им порачале на децата да не се грижат. Во последен момент, пред самиот почеток на тестот, пред децата се ставени други задачи и со тоа е избегнато потенцијалното преиспитување.
„Секогаш имаме резервна варијанта на тестови“, навеле организаторите.
Школскиот одбор соопштил дека откриле од каде протекле тестовите, но деталите не се наведени.
Последното протекување на тестовите било откриено за време на истрагата во школото, кое било извор на објавените тестови. Продажбата на тестовите се нудела и низ социјалните мрежи.
Истрагата покажала дека запечатениот пакет со тестови бил отворен и дека ваквиот прекршок го направил некој од внатре во самото школо. Британските медиуми пишуваат дека учениците, професорите и нивните родители биле вознемирени од ваквата настаната ситуација.
Се додава и дека протекувањето на тестовите е резултат на лошата безбедност, како и дека слична ваква ситуација се случувала и во претходните години, кога тестовите биле копирани и делени преку интернет.
Инаку минатата недела фотографии од прашањата од тестот биле објавени на социјалната мрежа „Твитер“ со порака до кандидатите, дали ги сакаат и прашањата за утрешните тестови за математика, статистика и механика.
Текстот Прашањата од тестот за матурантите се нашле на интернет, биле сменети биле во последен миг е превземен од Reporter.mk.