Пратеник преку ноќ стана пратеничка

Германија го доби првот трансроден законодавец. Станува збор за пратеникот Маркус Гансерер член на коалицијата Зелени/Алијанса 90, кој се одлучил за промена на полот.

Тој во иднина вољата на народот во парламентот ќе ја претставува како Теса Гансерер. На конференцијата за новинари Маркус открил дека веќе десет години се чувствува како трансродна личност, а од сега па се до крајот на неговиот животот, ќе се претставува како Теса.

„Нема повеќе да носам одела и кравати. Јас сум жена со секој атом од своето тело и од сега ќе бидам дама и ќе се претставувам како регионална пратеничка. Не го работам ова поради забава. Навистина се чувствувам како жена, а на ваков чекор не се одлучив оддеднаш“, вели Теса.

Гансерер која има два сина, вели дека пред своите колеги ќе се појавува нашминкан и со перика, и покрај тоа што парламентот и понатаму ќе го третира како Маркус.

Според законот кој е на сила во Германија, за да личноста го промени полот, потребни се две медицински мислења, како и период од година дена, пред личноста и официјално во документите да може да го промени името и полот.

Од друга страна, колегите од коалицијата велат дека Теса ќе ја прифатат како жена.

„Идентитетот на нашата колешка нема да биде проблем во овој парламент. Личноста на секој пратеник е многу поважна од неговиот пол. Ќе ги советуваме пратениците да го третираат Гансерер како госпоѓа и жена, без разлика на нејзиниот законски статус“, изјавила Илза Ајгнер, претставничка од баварскиот парламент.

Илза е и членка на конзервативната Христијанска социјална унија (CSU), која е во коалиција со владејачката Христијанско-демократска унија на канцеларката Ангела Меркел.

Германија истополовите бракови ги легализирала во 2017 година, но против овој закон гласаа дури 225 пратеници од владејачката коалиција.

 

Текстот Пратеник преку ноќ стана пратеничка е превземен од Reporter.mk.