Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, со своето бебе се поајви на состанокот на светските лидери во Обединетите нации. Она што требаше да биде заседание на Генералното собрание на Обединетите наиции, се претвори во ријалити шоу.
Ардерн покрај големиот број на лудории кои што се случија во зградата, беше најсимпатичниот учесник. Во салата Украинец му покажува среден прст на Русин, а приштинската делегација непоканета се појави на состанокот.
Светот беше сведок на смеењето на светските лидери на говорот на Доналд Трамп и напуштање на салата додека говори најмоќниот човек на светот, а наместо одлука за донесување на „Светска влада“, главна вест беше кој со кого седел.
Голем број на светски авторитетни новинари и уредници пишуваат дека политичарите и медиумите се прилагодуваат на улогата на шоумени. Тие велат дека вакви слични сцени се случувале и претходно во Обединетите нации, како на пример за време на говорот на Гадафи.
Текстот Премиер со бебе се појави во Обединетите нации е превземен од Reporter.mk.