Претставата „Стјуардеси“ во сабота гостува во Струмичкиот театар

НУ Театар Комедија во сабота гостува во Народниот Театар „Антон Панов“ во Струмица со претставата „Стјуардеси“.

Хит претставата на Театар Комедија пред недела дена ја прослави 120-та изведба.

Режисер на претставата е Синиша Ефтимов, а во неа играат актерите: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Жаклина Петровска, Марија Кондова, Кристина Ласоска и Тања Мицков.

Текстот Претставата „Стјуардеси“ во сабота гостува во Струмичкиот театар е превземен од Reporter.mk.