При крај е потрагата на бродот на капетан Кук

Потрагата за бродот на капетанот Џејмс Кук е на самиот крај. Научниците кои трагаат по него велат дека до 2020 година, кога ќе се означи 250-годишнината од неговото патување кон Австралија, бродот на Џејмс Кук ќе биде пронајден, пишува Би-би-си.

„Ендивор“, кој тогаш се нарекувал „Лорд Сендвич Втори“, потонал заедно со уште 12 бродови. Морската авантура ја почнале од брегот Роуд Ајленд во САД, каде запловиле во август 1778 година. Досега никој ја нема откриено точната локација на местото каде што е потонат бродот.

По големиот број  археолошки истражувања во последните 25 години, научниците сметаат дека им останало да истражат уште само едно или две места каде постои можност да се наоѓа потонатиот брод.

Проектот се одвива во организација на Rhode Island Marine Archaelogy (Rimap) во соработка со Националниот поморски музеј на Австралија. В петок е најавена објава на 3-Д снимка од потенцијалното пронаоѓалиште на бродот.

„Кога ќе го извадиме ќе ги провериме и тестираме дрвата. Во рок од 18 месеци би требало да ги имаме конечните одговори“, велат археолозите.

Капетан Кук со „Ендивор“, британскиот брод за превоз на јаглен, во 1768 година тргнал на научно патување и мапирање на Тихиот Океан.

На тој брод славниот истражувач во периодот меѓу 1769 и 1771 година успеал да изработи карта на Нов Зеланд и Австралија. Во 1770 година стигнал на југоистокот на денешна Австралија, истоварувајќи се на заливот Ботани.

Тоа подрачје подоцна го има присвоено британската круна покрај другите голем број домородни заедници. Откако се вратил во Британија, „Ендивор„ бил преименуван во „Лорд Сендвич Втори“ и служел за превоз на војници.

За време на Американската војна за независност, британската морнарица со уште 12 бродови го искористила за блокада на заливот Нарагансет, кога во 1778 година бил потопен поради голема бура.

 

Текстот При крај е потрагата на бродот на капетан Кук е превземен од Reporter.mk.