Петнаесеттиот Визер скопскиот маратон ќе се одржи во сабота на 4 мај. Пријавувањето за самата трка завршува на 22 април (понеделник), освен ако до тогаш не се исполни предвидената квота за настанот. Учесниците можат да се пријават на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/. Оние што сакаат да бидат волонтери на трката и да помогнат за таа успешно да се реализира, можат да аплицираат до 25 април на линкот http://skopskimaraton.com.mk/volonteri. Волонтерите добиваат маица, вода, храна и сертификат за волонтирање, а треба да бидат постари од 16 години.
Организаторите ги повикуваат сите што нема да трчаат да застанат по должина на патеката и да навиваат. Според нив, колку повеќе луѓе ги бодрат учесниците, толку е попозитивна енергијата во Скопје.
„И оваа година на различни локации ќе бидат поставени неколку музички точки на кои ќе може да се придружи и публиката. На сите тркачи, од дома и од странство, да им се покаже гостопримливоста која постои во градот“, велат организаторите.
Визер скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.
Текстот Пријавувањето на Визер скопски маратон завршува на 22 април е превземен од Reporter.mk.