Приказни за луѓе чии тела останале секогаш изгубени на Антарктикот

Слоевите снег и лед на најстудениот континент на земјата, веројатно има покриено над стотина тела на загинати лица. Марта Хенрикс ги истражува нивните приказни.

Во смрзнатиот бел Антарктик лежат заледени остатоци од човечки тела, а секој од нив има приказна за односот на човекот и непристапниот континент кој се наоѓа на крајот на светот. Дури и денес, со целата технологија и знаење со кои човекот располага, Антарктикот знае да биде опасен и може да биде погубен за кој било кој решил да го освојува.

Температурите паѓаат и до -90 степни, а ветриштата достигнуваат брзина и до 322 километри на час. Но, тоа не е единствената опасност која е заканувачка. Пукнатините во ледот исто така се смртоносна стапица за голем број луѓе. Често се затскриени од наносите снег и силните бури. Телата на многу научници и истражувачи се закопани толку длабоко во ледот, или внатре во пукнатините, што најверојатно никогаш нема да бидат пронајдени.

Меѓу нивните приказни може да се слушнат за голем број на нерешени мистерии и чудни несреќи.

1800 година – Мистеријата со чилеанските коски

На островот Ливингстон, еден од Јужните Шетландски острови, пронајдени се черепи и коски од млада Чилеанка, стара 175 години. Се претпоставува дека таа починала во периодот меѓу 1819 и 1825 година, а коските се пронајдени во 1980 година. Станува збор за најстарите човечки остатоци некогаш пронајдени на Антарктикот.

Се смета дека на островот стигнала со ловци, но не е сосема јасно на кој начин. Во таа доба, жените не придржувале такви експедиции и веројатно е дека била принудена да патува со нив. Односите на ловците на китови и автохтониот народ во Јужно Чиле, не биле отсекогаш пријателки и често знаеле да влезат во конфликти.

Нејзината приказна е единствена меѓу приказните за раните обиди за населување на Антарктикот. Нејзините коски го обележуваат почетокот на човечките активности на Антарктикот.

29 март 1912 година – Експедицијата на Роберт Фалкон Скот на Јужниот пол

„Роберт Фалкон Скот водел екипа на истражувачи да го освојат Јужниот пол. Во 1912 година залутале на тој пат, само три недели откако целосна трага им се изгубила и на норвешкиот тим кој го водел Роалд Амундсен. Познато е дека Скот не бил првиот кој стигнал на Јужниот пол, а моралот на неговата екипа значително паднал кога дознале дека Амундсен ги престигнал. Но, тоа не е најлошото што им се случило.

 

 

 

Скот морал да се носи со суровите времснки услови и недостигот на природни ресурси, како дрва за огрев, но и водењето на 60 луѓе низ пустошот.

На враќање прво починал Едгар Еванс, а по него и Лоренс Отес, кој се сметал дека на останатите им ја отежнува работата. Тој исчезнал засекогаш со неговите последни зборови: „Ќе излезам надвор и можеби малку ќе се задржам“. Неговото тело никогаш не било пронајдено.

Остатокот од тимот на Скот, исто така бил на чекор до смртта. Скот, Едвард Вилсон и Хенри Бовер починале на 29 март 1912 година, а нивните тела се пронајдени по неколку месеци, по нивната смрт. Трагачите кои ги пронашле само ги покриле со снег и ги оставиле на Антарктикот.

 

Текстот Приказни за луѓе чии тела останале секогаш изгубени на Антарктикот е превземен од Reporter.mk.