Принцезата на Тајланд, Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади, позната како постарата сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорна и официјално е дисквалификувана од местото кандидат за премиер на општите избори, кои треба да се одржат на 24 март.
Ваквата вест ја објавиле од Изборната комисија во земјата, која ја објавила листата на кандидати со 45 имиња. На истата го нема името на 67 годишната принцеза.
Со ваквото решение è поништена одлуката на партијата „Таи Ракса Чарт“, која неодамна ја основале сојузниците на поранешниот премиер Таксин Шинаватра. Партијата претходно донела одлука, Уболратана да биде кандидат за премиер на престојните избори.
JUST IN: Thai Princess Ubolratana Rajakanya has been disqualified from running for prime minster after her brother, King Maha Vajiralongkorn, said her nomination would be “inappropriate.” https://t.co/TN0w1hU7wZ pic.twitter.com/pA6krc8ZSA
— CNN International (@cnni) February 11, 2019
Со ваквата конечна одлука сега во земјата владее голема непнатост. И покрај тоа што кралското семејство важо за многу популарно и уважено во заедницата, сепак принцезата кариерата рпетходно ја градела како актерка во сапуниците, а не како политичар.
Тамошните медиуми пренесуваат дека работата морал да ја спасува кралот кој го издал соопштението дека мешањето на неговата сестра во политиката е неуставно и многу несоодветно.
Кралот вели дека се работи за преседан во политиката во Тајланд. На ваквиот настан му претходеле конфликтите меѓу приврзаниците на кралското семејство, кои се приврзани на Бангкок и блиските лица на претходниот времен премиер Инглук Шинаватра.
Шинаватра во Тајланд веќе подолг период сè наоѓа во ценатрот на политичките турбуленции. Поради неа во земјата се случуваат улични протести, кои со години го погодуваат општеството во Тајланд.
Текстот Принцезата на Тајланд не може да се кандидира за премиер е превземен од Reporter.mk.