Британскиот принц Чарлс во интервјуто по повод својот 70. роденден вели дека кога ќе стане крал нема да се меша во државните прашања. Според него, тоа би било бесмислено.
Претходно британскиот престолонаследник се најде на удар на јавноста поради изнесувањето на неговите ставови по прашањата како што се климатските промени. Чарлс сега изјави дека ќе мора да настапува поинаку како крал.
Сегашниот принц истакнува дека кралот мора да оперира во рамки на уставните параметри. За себе вели дека нема да може да го работи она што го работи во моментов како престолонаследник.
Принцот Чарлс се залагал за прашањата како што се зачувување на природната средина, архитектурата и користењето на ГМО. На британскиот монарх, по правило, му е забрането да се меша во политиката.
Prince Charles says he won’t be a campaigning King. He tells a BBC documentary that he’s ‘not that stupid.’ https://t.co/2UkzHsseOZ
— BBC Breakfast (@BBCBreakfast) November 8, 2018
Текстот Принцот Чарлс кога ќе стане крал нема да се меша во државната политика е превземен од Reporter.mk.