Едно лице е приведено во инцидент што се случил утринава на гласачко место во скопската населба Ново Лисиче, пренесува „Макфакс“. Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат инцидентот и информираат дека е приведено 22-годишно момче коешто ги навредувало граѓаните кои излегле да гласаат. Тој потoa ги нападнал и полициските службеници кои интервенирале.
„На гласачко место во ОУ ‘Лазо Ангеловски’ во Скопје машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници. Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж. (22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат од МВР.
Текстот Приведен скопјанец за инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче е превземен од Reporter.mk.