Фенг Шуи вели дека распоредот на предметите во и пред домот влијаат и на финансиите. Според ова тибетантско учење, треба да се придржувате до следниве шест фенг за да привлекувате пари во домот.
1. Поправете ги цевките и кровот
Ако ви тече вода од цевките, поправете ги, исто и кровот доколку протекува. Со тоа што ги поправате работите во вашиот дом, го поправате и својот живот, па така и финансиите.
2. Спуштајте го капакот од WC шолјата
Голем потрошувач на позитивната енергија во домот е тоалетот. Ама, ако го спуштите капакот, тоа ќе спречи оддалечување на енергијата од вас. Според Фенг шуи можете да врзете црвен конец на цевката зад тоалет шолјата, оти тоа ги штити финансиите.
3. Уредете го влезот во куќата
Кога некој ќе ви влезе во домот или кога влегувате вие, важно е да се почувствувате добредојденo и да има пријатна атмосфера. Тргнете ги сите работи од влезот на куќата, на пример расфрлани чевли, ѓубрето и слично, оти тоа го блокира влезот на позитивната енергија. Куќниот број и адресата треба добро да се гледаат, а влезната врата да ви биде чиста.
4. Внимавајте на деталите
Не е сеедно што се наоѓа на левата страна од ходникот, а што на десната – тоа е важно за финансиите. Ако сè е расфрлано и владее хаос, тоа негативно влијае на приливот на парите. Чистотата и уредно поставените работи делуваат добро на финансиите. Ако во тој дел од домот има некое растение, гледајте како тоа напредува – колку побрзо толку побрзо ќе стигнат и финансиите. Добро е на ѕидовите да поставите слики од природа.
5. Редовно оддржувајте го оганот
Доколку во домот имате камин или шпорет на дрва, водете грижа секогаш тие да бидат чисти. Според Фенг шуи, шпоретот на дрва или каминот симболизираат изобилие и богатство. Со редовно чистење создавате слободен пат за енергијата која носи пари и работни можности.
6. Почитувајте ги парите
Гледајте на парите како на нешто позитивно, како на награда за трудот. Секогаш бидете благодарни кога имате пари во своите раце и внимавајте во паричникот парите секогаш да ви бидат подредени. Што повеќе ги почитувате парите, повеќе ќе ги имате, затоа што ќе зрачите со енергија која ги привлекува.
Текстот Привлечете пари со Фенг шуи правила е превземен од Reporter.mk.