Индонезиската полиција уапсила четворица државјани од оваа земја, поради сомнение дека се обиделе да продаваат деца преку Инстаграм.
Налогот на Инстаграм, кој сега е затворен, се претставувал како услуга која промовира „грижа за семејството“, и дава решенија за семејните проблеми.
На профилот е објавен и телефон за контакт, за заинтересираните луѓе би можеле да стапат во контакт преку WhatsApp апликацијата.
„Полицијата успеала да пресретне една трансакција, но им бил потребен доказ дека има барем едно продадено бебе“, соопштил портпаролот на полицијата Франс Барунг Мангера.
Тој додал дека полицијата ја забележала планираната трансакција во Сурабај на 3 октомври, во која една жена сакала да продаде дете за 15 милиони индонезиски рупии, односно околу 850 евра.
I saw this on the BBC and thought you should see it:
Indonesia arrests four for ‘selling babies on Instagram’ – https://t.co/6TSYpQ2a5n
— NADIA RAKIB (@NADIARAKIB) October 12, 2018
Полицијата во тие моменти ги запленила и документите за посвојување, парите и мобилните телефони со поркаи за планираната продажба.
Четворката сега се соочува со максимална казна од 15 години затвор.
Текстот Продавале бебе на Инстаграм по цена од 850 евра е превземен од Reporter.mk.