Зарди загадениот воздух во повеќе градови во земјава, Владата на Република Македонија донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст. Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.
Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.
Текстот Продолжен зимскиот распуст е превземен од Reporter.mk.