Луѓето би требало да ја напуштат планетата Земја или ќе изумрат како диносаурусите, смета професорот на њујоршкиот Сити колеџ и светски познат квантен физичар, футурист и космолог Мичио Каку.
Доктор Каку предупредува дека човештвото ќе се соочи со изумирање доколку не колонизира друга планета.
„Диносаурусите немале програма за вселената и поради тоа денеска повеќе ги нема. Неизбежно е дека еден ден ќе нè погоди уште еден камен од вселената и поради тоа неопходен ни е резервен план“, изјавил Каку.
До 2030 година луѓето ќе имаат населби на Марс, смета тој и додава дека во релативно близок период ќе можеме да ги видиме нашите внуци како патуваат на Марс на меден месец.
„Цените драстично паѓаат, па така новите идеи стануваат сè поприфатливи. И милијардерите од Силицијанската долина сè повеќе се вклучуваат во играта. Тие вложуваат пари во вселенски бродови за лет кон Месечината“, вели Каку, а пренесува „Њузхаб“.
Мичио Каку уште како дете, за училишната научна изложба, во гаражата на својот татко го составил својот прв акцелатор на честички и станал една од најпрепознатливите фигури на науката за вселената.
Текстот Професор на њујоршки факултет предупредува за удар од метеор е превземен од Reporter.mk.