Нуркачи ја пронајдоа црната кутија на авионот на индонезиската компанија Lajon er, кој се сруши во Јаванското море и во кој животот го загубија 189 лица.
Тамошните телевизии прикажаа снимка од нуркачите кои ја открија црната кутија.
„Бев очаен затоа што струјата доле е многу силна, но бев сигурен во алатките кои ги добив. Почнав да копам и да ги чистам остатоците од авионот се додека не допред во портокалов предмет“, вели еден од нуркачите.
Црната кутија ќе ја испита Националниот комитет за безбедност и транспорт во Индонезија, соопштил директорот на Агенцијата за пребарување и спасување Мухамед Сјауги.
Сјауги додал дека црната кутија е пронајдена на 500 метри северозападно од координатите на кои е изгубен контакт со авионот кој се срушил во морето.
Падот на авионот Lajon era е најлошата трагедија во Индонезија уште во 1997 година, кога 234 лица го изгубиле животот.
Текстот Пронајдена црната кутија на паднатиот индонезиски авион е превземен од Reporter.mk.