Патувањето во вселената би требало за петнаесетина години да стане остварливо и за оние кои се неверојатно богати. Ова го изјавил италијанскиот астронаут Паоло Несполи, кој бил убеден дека вселенскиот туризам ќе го променел начинот на кој луѓето на Земјата гледаат на својата планета.
Паоло Несполи е астронаут од Европската вселенска агенција (ESA) кој три пати летал до Меѓународната вселенска станица (ISS) на која вкупно минал година дена. Со 62 година, тој е најстариот активен астронаут на ЕСА.
„Тоа е како мобилен телефон. Се сеќавам дека во астронаутскиот вентар имав еден од првите мобилни телефони во Германија, а разговорот ме чинеше 20 марки по минута. Тоа беше неверојатно и размислував за тоа како би можел на себе си да си дозволам толку скап уред. Неколку години подоцна, ги имаше насекаде“, изјавил тој.
Паоло тврди дека заминувањето во вселената ќе го промени целиот поглед на човекот кон земјата, а убеден е дека колку повеќе луѓе би ја имале ваквата можност, поинаку би размислувале за својот дом.
„Кружејќи околу неа, сватив дека Земјата е како вселенски брод, а луѓето се морнари кои треба заедно да работат“, порачал тој.
Тој истакнува дека од вселената не се гледаат границите меѓу државите, туку само таа меѓу Земјата и црната вселена, поради што човекот тогаш за прв пат во целост ја чувствува припадноста на својата планета.
„Земјата од вселената изгледа како многу деликатен еквилибриј и многу е очигледно колку човекот навистина го загрозува“, укажал тој.
Говорејќи за времето кое го минал надвор од Земјата, Несполи изјавил дека станарите на Меѓународната вселенска станица имаат одреден распоред кон кој строго мораат да се придржуваат.
„Астронаутите не се суперјунаци или генијалци, туку нормални лица кои се способни да работат се и сешто, па на пример и да поправат ВЦ“, истакнал тој.
На прашањето дали постојат вонземјани, тој одговара дека статистички е неверојатно некаде на друг дел од космосот, истите тие не создале погодни услови за живот, слични на оние на Земјата.