Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 5 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од снег, особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. До крајот на денот насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 сантиметри, на планините и над 20 сантиметри, а најмала во североисточните делови (околу 5 см или помала). Поради засилениот северен ветер утре можна е појава на снежни наноси.
Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Текстот Првиот снег во новата година се очекува денеска е превземен од Reporter.mk.