Путин го открива рецептот за вечна младост

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека долгиот сон, правилната исхрана, откажувањето од алкохолот, спортот, како и стилот на облекување, му помагаат тој секогаш да биде во форма, пишува шпанскиот весник „Ел Мундо“, а пренесува „Раша тудеј“.

Авторот на текстот оценува дека Путин на 66 години не само што не лини на дедо, туку изгледа подобро и од пред десетина години.

Најактивниот претседател кој Кремљ го имал некогаш, е страствен љубител на хокејот, носител на црн појас во џудо и вљубеник во пливањето и планинарењето, пишува во текстот.

Американските медиуми го нарекоа Путин „алфа мажјак“, а „Викиликс“ објави дека американските дипломати во своите преписки го нарекувале „Бетмен“.

Од друга страна, руските медиуми ја осветлуваат секоја постапка на претседателот, кој е типичен за „алфа мажјак“. Риболови во Туви, се бања во ледена вода, нурка во бањарка, јава коњи без кошула и друго.

Весникот пишува дека рускиот претседател од детството ги обожавал боречките вештини. Тоа го заштитило од лошо друштво, пушење и конзумирање алкохол.

Поранешната негова сопруга Људмила, го опишала Путин како радохолник, но рускиот претседател сепак вели дека не сака премногу рано да станува.

„Кога ќе стане веднаш испраќа неколку неодложни пораки, по што ди во теретана и на базен. Во едната просторија температурата е 43 степени, а во другата 13“, вели Људмила.

За доручек Путин сака да јаде сирење во кајгана, јајца и сокови. Покрај тоа сака ориз и пченица. Но, важната улога во имиџот на Путин игра неговиот стил на облекување. Претседателот им дава предност на италијанските брендови.

Шпанскиот весник заклучува дека во ово момент, тајната на вечната младост на рускиот претседател е тоа што тој долго спие, не конзумира алкохол, правилно се храни и од време на време плива во ледена вода.

Текстот Путин го открива рецептот за вечна младост е превземен од Reporter.mk.