Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за време на минатогодишниот самит во Хамбург, имал можност да ја задоволи љубопитноста на првата дама на САД Меланија Трамп која седела до него.
Во документарецот на „Амазон“, World Order 2018, рускиот претседател открил што било во фокус на разговорот кој го водел со претседателот и првата дама на САД.
Путин и Меланија се видени како седат еден до друг, но никој досега не знаеше за што тие зборуваат. Сопругата на Доналд Трамп била видно заинтересирана да дознае повеќе за руската демографска политика.
„И раскажав малку за мерките кои ги превземаме за да им помогнеме на мајките и децата. И ги објаснив принципите на кои демографската политика почива во нашата земја. Изгледаше заинтересирана“, изјавил Путин.
Рускиот претседател додал дека Меланија била изненадена од некои од податоците, па морал да ѝ ги опише и резултатите кои ги добиле од практиката на демографската политика.
„Потоа и зборував и за Русија, Сибир и рибарењето. Знаете како тоа иде. Малку се фалев за да ја разубавам приказната. Како и секој риболовец“, изјавил Путин.
Разговорот подоцна тргнал во насока кон Камчатка и животинските видови во Русија, посебно тигрите. Вечерата на која седат државните претставници никогаш не се сведува само на вечера, туку и на можност за изградба на односи меѓу цели земји и нации.
Текстот Путин ѝ се фалел на Меланија со приказни за риболовството е превземен од Reporter.mk.