Работи кои имаат лоша енергија

При уредувањето на ентериерот би требало да знаете дека некои работи можат позитивно или негативно влијаат врз енергијата на куќата, а таа енергија може да влијае на вашето расположение.

За да би избегнале некои неугодни ситуации, треба да престанете да користите неколку предмети и работи.

Одредени предмети сигурно можат да предизвикаат негативни емоции, а причината може да биде нивниот облик, материјал, боја и слично. Може да ви пружи чувство на раздразливост, тага и умор кои и те како влијаат врз квалитетот на спиење.

Еве неколку работи од кои би требало да се решите што е можно поскоро:

Суво цвеќе

Цвеќето има супер енергија, но само кога е живо. Исушеното цвеќе и било која мртва билна несомнено ќе донесе лоша енергија и може да влијае врз вашето здравје.

Остри предмети и оружје

Мечеви, ножеви и слични предмети се сметаат за негативен прибор. И нивниот облик и цел имаат негативна конотација, па треба да ги исфрлите од дома.

Темни прекривки

Темните прекривки можат да донесат многу апатија и депресија. За декорот на вашиот кревет се препорачува да се држите до свежите и неутрални бои.

Телевизор во спалната соба

Спалната соба е место каде треба да се одморате и да ги наполните батериите. Затоа телевизорот или друг електричен уред не би требало да биде во него, затоа што тоа ќе ја оштети вашата енергија.

Слики со насилни и тажни илустрации

Сликите се битен дел од украсувањето, па морате мудро да ги одберете. Нека бидат тематски и среќни, а гротеската и непријателството оставете ги за галериите и музеите.

Огледала

На сите им е потребно огледало во домот, меѓутоа, постојат места на кои никогаш не би смееле да го ставите. На пример, карши влезната врата или во спалната соба. Според Фенг Шуи, тоа може да предизвика несоница или ноќна мора.

Валкани садови

Валканите садови и неуредната кујна воглавно циркулираат негативна енергија во куќата. Затоа будете сигурни дека својата кујна ја одржувате чиста!

Ѕиден часовник без батерии

Ако вашиот ѕиден часовник престанал да работи, заменете ги батериите или заменете го часовникот. Инаку ќе стоите како него.

Скршени предмети

Вашите домашни апарати, светилки, вазни, кригли и слично не смеат да се скршат.

Уште еден совет за крај, доколку сакате кактуси, немојте да ги држите дома. Не е ни добра билка за вашата енергија, оставете го да ја краси вашата тераса.

Текстот Работи кои имаат лоша енергија е превземен од Reporter.mk.