Листата на производи кои треба да ги чувате во фрижидерот дефинитивно е пократка отколку што мислите.
Погледнете ја нашата листа и многу простор ќе се ослободи во вашиот фрижидер.
Често ни се чини дека секоја работа ставена во фрижидерот ја задржува својата свежина подолго. Во меѓувреме, многу производи и намирници во него го губат својот вкус, па дури и трулат.
Дознајте за кои производи станува збор!
1. Јајца
Дали сте забележале дека во супермаркетите јајцата воопшто не стојат во фрижидерите? И тука нема ништо лошо, затоа што во Европа тоа воопшто не е потребно. За јајцата е потребно складирање на ниски температури, на пример, во САД затоа што ситуацијата таму е многу поинаква поради различниот процес на обработка.
2. Лимон и други егзотични овошја
Дињите, бананите, ананасот, кивите и лимонот се егзотично овошје кои сакаат високи температури. Поради тоа фрижидерот едноставно не им служи – бидејќи го губат својот вкус и арома. Можеме да ги ставиме во фрижидер откако ќе ги исечеме и кога ќе купиме многу зрело овошје, на пример диња. Ако не го изедете веднаш, се исплати да го ставите на ниска температура.
3. Моркови, магдонос, целер
Основните додатоци за супа, како што се морковите, магдоносот и целерот, брзо ќе овенат во фрижидерот и дури и ќе иструлат. Најдобро е да ги чувате на суво и темно место, на пример во шпајзот.
4. Домат
Ладилникот ги лишува вкусот и сочноста на доматот. Ниските температури доведуваат до распаѓање на шеќерот, киселината и мирисот, што влијае врз нивниот квалитет. Најдобро е да ги чувате на собна температура, но не на директно сонце.
5. Краставици
За нив температурата би требало да биде поголема од 7° C. Ако ги ставите во фрижидер, тие ќе пожолтат и ќе се омекнат многу побрзо.
6. Компир
Иако фиоките во фрижидерот можат да ве предизвикаат да ги истурите компирите во нив, сепак тоа дефинитивно не смеете да го направите. Зошто? Ладовината во фрижидерот го претворува скробот во шеќер, што ги расипува вкусот и бојата на компирот. Најдобра температура за нив е температурата околу 10° C, како и темните и суви места. Доколку сакате да имате компир дома, шпајзот добро ќе ви дојде.
7. Кромид
И тој како и компирот, често оди во фиоките од фрижидерот. Но, тоа воопшто не е потребно. Кромидот сè што сака е циркулација на воздухот, затоа секогаш вадете го од пластичната мрежа. Покрај тоа, кромидот се чувствува лошо кога е во друштво на компирот, кој го забрзува процесот на разградување.
8. Лук
Ниската температура го влошува неговиот вкус и здравствените својства. Лукот најдобро се чувствува на ладно, суво и темно место. Таму може да лежи дури 5 месеци.
9. Зачини и сосови на база на оцет
Баш како што оцетот не треба да се чува во фрижидерот, така и сосот кој е направен на негова база. Ако го ставите во фрижидер, тој може да се згусне и да стане поостар.
Текстот Работи кои не би требало да ги чувате во фрижидерот е превземен од Reporter.mk.