Според астролозите, секој хороскопски знак реагира различно на многу ситуации. Ова се работите кои најчесто можат да ве расплачат, според зодијакот.
Овен
Тие плачат кога некој ги остава или изневерува. Насилството врз децата исто така длабоко ги повредува.
Бик
Сеќавањето на љубовта која никогаш не можеле да ја остварат создава солзи во нивните очи.
Близнаци
Плачат кога не можат да го добијат она што го сакаат. Може да се растажат доколку некој е нељубезен спрема постарите или немоќните.
Рак
Тие плачат кога некој ќе ги повреди, кога не можат да го прават тоа што го сакаат и кога некоја личност од нивното семејство е болна.
Лав
Тие плачат поради болеста на блискиот член од семејството и во ситуации кога се немоќни да го заштитат своето семејство. Слаби се на агресивно однесување спрема животните и децата.
Девица
Плачат кога нивното его е повредено, но можат да заплачат и поради туѓите тажни судбини. Чувствителни се на старите луѓе и напуштените животни.
Вага
Плачат доколку личноста која ја сакаат ги лаже и изневерува.
Скорпија
Плачат поради весели настани, како што се венчавки и раѓање деца. Исто така, доколку се импресионирани од успехот на саканите личности.
Стрелец
Тие плачат кога ќе останат без пари и кога се немоќни. Исто така, можат да заплачат кога ќе видат сиромашни луѓе.
Јарец
Можат да заплачат кога ќе видат албуми од својата младост или кога ќе станат носталгични.
Водолија
Плачат поради љубов, особено поради партнерот кој неизмерно го сакаат. Пријателите кои ги изневериле можат да ги доведат исто така до солзи.
Риби
Плачат кога се изманипулирани. Солзите често им навираат додека гледаат некој романтичен филм.
Текстот Работи што може да го расплачат секој хороскопски знак е превземен од Reporter.mk.